• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

За училиштето

Во средното стручно училиште на град Скопје „Браќа Миладиновци“ наставата ја следат 465 ученици (281 ученици Македонци и 184 ученици Албанци).

Училиштето е мултиетничко, и наставата се изведува на албански и на македонски наставен јазик. Во СУГС „Браќа Миладиновци“ се застапени образовни профили од општо образование и стручно образование, односно од општо образование е застапено гимназиското образование а пак од
стручното образование се застапени: ветеринарна струка и земјоделска струка: техничар за фармерско производство, техничар за хортикултура и лозаро-винарски техничар.

Персоналот на училиштето е искусен во организирање на воннаставни активности во различни секции: биолошка секција, секција по анатомија, секција за диви животни и загрозени животни, секција по кинологија, литературна секција, прва помош, ликовна секција, музички хор, странски јазици, и спортски тимови во сите натпреварувачки дисциплини.

Преку примена на интеркултурните активности (од воннаставен карактер) училиштето го подобрува квалитетот на наставата и меѓуетничките односи. Со поддршка на Нансен дијалог центар Скопје (обучување на наставници за интегрирано и интеркултурно образование) училиштето успешно спроведува интеркултурните активности и гради позитивни односи во пошироката заедница преку интегрираното образование.

Концепцијата за интеркултурно образование во рамки на ОУ „Гоце Делчев“, Битола се спроведува преку следните тематски подрачја:

– Компетенции за интеркултурно образование на наставниот кадар

– Воннаставни активности

– Амбиент (Eтос) во образовните институции

– Релации на образовните институции со пошироката заедница.