• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Category Archives: Новости

Оригами

На 11. април 2018 година професорите Наташа Младеновска и Фарук Јашари ја реализираа воннаставната активност на тема „Оригами“. Цели на активноста беа: ефективна и соодветна вербална комуникација, поттикнување на афективно слушање, креативно мислење, кооперативно учење, подготвеност за тимска работа како и развој на фината моторика.

“За време на главниот дел учениците се поделија во 4групи и ги реализираа следниве активности: првата група изработуваше оригами-цвеќиња; втората група изработуваше оригами-кола; третата група изработуваше оригами-куќа; четвртата група изработуваше оригами-пеперутка.
Во завршниот дел сите учениците ги изложија изработените оригами и следеше едно кратко видео, каде беа прикажани диви животни изработени од оригами во вид на анимиран филм.“ Н. Младеновска и Ф. Јашари

Дизајнираме заедно

На 8. март 2018 година тандемот Оливера Величковска и Бујамин Мемеди ја реализираше интегрирана воннаставна активност со учениците. Цели на активноста беа да се промовира: ефективна и соодветна вербална комуникација, ефективно слушање, креативно мислење, кооперативно учење, подготвеност за тимска работа. Преку креативни активности, учениците научија повеќе за процесот на дизајнирање и разговараа за значењето на логоата.

Креативно рециклирање

7 март 2018 година- Интегрираните воннаставни активности кои се спроведуваат според Нансен моделот за интеркултурно образование, покрај успешна интеграција и социјализација меѓу учениците, го поддржуваат и нивниот креативен потенцијал и овозможуваат простор за креативни активности. За време на интеркултурната активност, професорите Наташа Младеновска и Фарук Јашари им ја претставија на учениците забавната на рециклирањето, при што учениците изработија разни дизајни на маици и украси.

Дизајнираме

На 1 март 2018 година тандемот Наташа Младеновска и Фарук Јашари ја реализираше интегрирана воннаставна активност со учениците. Преку креативни активности, учениците научија повеќе за процесот на дизајнирање и разговараа за значењето на логоата. Целите на активноста беа да се промовира: ефективна и соодветна вербална комуникација, ефективно слушање, креативно мислење, кооперативно учење, подготвеност за тимска работа.

Учиме да дизајнираме

На 26 февруари 2018 година тандемот Нехат Реџепи и Ирена Стеваноска ја реализираше интегрирана воннаставна активност со учениците. Целите на активноста беа да се промовира: ефективна и соодветна вербална комуникација, ефективно слушање, креативно мислење, кооперативно учење, подготвеност за тимска работа. Крајни производи од активноста беа уникатни дизајни на покани за свадба и логоа.

Рециклираме

На 14-ти февруари, 2018 година тимот составен од директорката на училиштето Емилија Ангелова и проф. Орнела Џафери и Љупка Гајдовска ја реализираа интеркултурната активност на тема „Рециклирање“. Во текот на активноста учениците ја изразуваа нивната креативност со изработките од рециклирани материјали.

Учиме за човековите права

На 7-ми февруари, 2018 година тимот составен од директорката на училиштето Емилија Ангелова и професорите Орнела Џафери и Љупка Гајдовска ја реализираа интеркултурната активност на тема„Човекови права“. Цели на активноста беа:

Рециклираме и дизајнираме

На 13-ти февруари, 2018 година професорите Kлаудија Гуџевска и Висар Сопај
ја реализираа интеркултурната активност на тема „Рециклирање“. Цели на активноста беа: проширување на знаењата кај учениците за заштита на животната средина; едукација на учениците за начинот и ппридобивките од рециклирањето; негување на креативниот потенцијал кај учениците; развивање на меѓусебна соработка и почит кон другите.
Во текот на активноста учениците ја изразуваа нивната креативност со изработките од рециклирани материјали.

Дознаваме за правата

На 5-ти февруари 2018 година, професорите Ирена Стеваноска и Нехат Реџепи ја реализираа интеркултурна активност за време на која учениците преку разни активности дознаа повеќе за човековите права. За време на активноста, учениците учествуваа во активности за запознавање со женските права, раскажуваа за потеклото на нивните имиња и активности како што се препознавање на пријателите според нивниот потпис.

Разбирање на човековите права

На 9 февруари 2018 година професорите Наташа Младеновска и Фарук Јашари ја реализираа интеркултурната активност со учениците на тема “Човекови права”. Целите на активноста беа: разбирање на важноста и концептот на човековите права; развивање на желба за практикување и почитување на човековите права; оспособување на учениците да дискутираат за различните права и одговорности; почитување на туѓото мислење; кооперативно учење.