• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Новости и активности

Разбирање на човековите права

На 9 февруари 2018 година професорите Наташа Младеновска и Фарук Јашари ја реализираа интеркултурната активност со учениците на тема “Човекови права”. Целите на активноста беа: разбирање на важноста и концептот на човековите права; развивање на желба за практикување и почитување на човековите права; оспособување на учениците да дискутираат за различните права и одговорности; почитување на туѓото мислење; кооперативно учење.