• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Новости и активности

Меѓусебно запознавање на учениците во интеркултурните активности

На 12 декември 2017 година тандемот составен од професорите Наташа Клаудија Гуџевска и Висар Сопај реализираа воведни воннаставни активности според Нансен моделот за интеркултурно образование со учениците од 1 година вклучени во проектот. Целта на активноста беше меѓусебно запознавање на учениците и создавање позитивна работна клима во училницата. Во текот на часот беа реализирани разни активности и игри спроведени од страна на професорите користејќи тандемска соработка и двојазичен пристап. Учениците активно учествуваа на сите планирани активности и имаа одлична прилика да се запознаат со нивните врсници од другите класови.