• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Новости и активности

Воведни интеркултурни активности

На 28 ноември и 5 декември 2017 година тандемот составен од професорите Клаудија Гуџовска и Висар Сопај ги реализираа првите воведни воннаставни активности според Нансен моделот за интеркултурно образование со учениците од 1 година вклучени во проектот. Целта на активноста беше меѓусебно запознавање на учениците и создавање позитивна работна клима во училницата. Во текот на часот беа реализирани разни активности и игри спроведени од страна на професорите користејќи тандемска соработка и двојазичен пристап.