• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Новости и активности

НДЦ Скопје реконструира училници и училишни простори во СУГС „Браќа Миладиновци“ Скопје

Во периодот септември- октомври 2017 година, како дел од практичната имплементација на четвртата тематска област на Концепцијата за интеркултурно образование, односно “Амбиентот (Етосот) во образовните институции”, НДЦ Скопје го заврши процесот на реконструкција во 3 училници и 1 ходник при СУГС „Браќа Миладиновци“ Скопје. Дополнително, НДЦ Скопје обезбеди дидактички материјали, училиштен мебел и ИТ опрема за сите училници.

Новиот амбиент во училиштето ќе ги мотивира наставниците, учениците и нивните родители да го поддржат и подобрат квалитетот на редовниот наставен процес. Училниците Нансен се препознаваат поради “шареноликата средина”, во суштина, Нансен моделот за интеркултурно образование предвидува учениците да следат настава во соодветни и добро опремени училници и позитивна атмосфера за учење.